Доаѓа сезона на калинки, зошто треба да ги конзумирате

Калинката претставува овошје, кое нутриционистите го сметаат за суперовошје.

Покрај високите количини на витамин Ц, калинката содржи и неколку витамини од Б групата, како и неколку важни антиоксиданси.

Поради целото ова, оние кои редовно го консумираат имаат многу јак имунитет.

Во 100 грама калинки има околу 4 грама растителни влакна, па оние кои ќе изедат само неколку зрнца во текот на денот, во својот организам ќе внесат околу 12 отсто препорачана количина на влакна дневно.

Ова овошје содржи и минерали како калциум, бакар и манган, како и витамин К и пантотенска кисела.

Нутриционистите советуваат калинките да се консумираат свежи, иако можете да ги внесувате и во облик на свежо цеден сок.