Изминатата недела регистрирани 962 лица позитивни на Ковид 19

Тестирани се вкупно 5.876 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 7,3% во однос на минатата недела (n=6.340).
Регистрирани сe 962 нови позитивни случаи од 28 града во државата, со зголемување од 65,9% во однос на минатата недела (n=580). Процентот на позитивност се движи од 21,6% до 11,7%, просечно 16,2%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=564; 58,6%) каде е регистрирана и највисока неделна инциденца – 92,9/100.000. Висока инциденца е регистрирана и во Кавадарци (91,1/100.000) и Охрид (79,8/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=298; 31,0%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 10-19 години (n=24; 2,5%).
Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување кај сите возрасни групи (со најзабележително зголемување од два ипол пати кај возрасната група од 0-9 години).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 591 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 66,0% повеќе во споредба со минатата недела (n=356).
Во текот на минатата недела пријавени се 190 реинфекции, со зголемување од 58,3% во однос на претходната недела (n=120).
Пријавен е еден смртен случај со датум на смрт во текот на изминатата недела (27.06-03.07.2022). Пациентот е починат во болнички услови.