Протест: Матичните лекари утре ги затвораат ординациите, освен за итните случаи

Матичните доктори утре нема да работат пациенти, односно, нема да издаваат упаати, нема да прегледуваат, ниту да го користат системот „Мој термин“. Ова ќе биде напарвено во знак на протест, откако никој не ги слушна нивните проблеми, не им понуди помош, а им беа давани дополнителни обврски во текот на целата пандемија. Најголемиот револт доаѓа поради малата капитација од 65 денари, донесена во 2018 година. Д-р Марија Михајлова, матична од Скопје, во повеќе наврати посочи дека ги понижуваат и им се девалвира трудот, неа и на нејзините колеги. Инаку, утре, сите матични доктори ќе работат само со итни пациенти.

„За нас никој нема слух. Но, има игнорирање. За жал, принудени сме на овој чекор. Во текот на целата пандемија, како и пред неа, се справуваме како знаеме и како можеме. Станавме фотокопирници, административци, хигиеничари, секретари, порај тоа што сме доктори“, посочи Михајлова, специјалист по семејна медицина.

Ненад Лазаров, кој од следниот месец ја напушта фелата на матични доктори и ќе работи во приватна болница како специјалист, соопшти зошто утре сите ординации ќе се затворат и кон што е револтот.

„Утре секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот. Целиот ден протестираме и искажуваме револт кон: 1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија. 2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари. 3. Воведување партиципација во примарно здравство. 4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар. Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи! За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство. Доста е!“, пишува Лазаров во јавната објава.

Се напоменува, матичните доктори ќе работат само за итни пациенти.