Психолошки проблеми кај децата

Повеќето психолошки проблеми се вкоренети уште во детството. Но, понекогаш тие не се толку очигледни, не зборуваме за физичко малтретирање или целосен недостаток на внимание – понекогаш дури навидум обичното однесување на родителите може да е причина за емоционалните проблеми како возрасни.

Беспокојство, нервоза, депресија, недостаток на самостојност
За овие проблеми виновни се родителите кои кружат околу децата како орли. Тие имаат целосно добри намери, но таква загриженост води до психолошки проблеми кај детето. Ако не може да донесе важна одлука, без да се јави на родителите за совет, најверојатно родителите претерале со напорите да го заштитат од целиот свет.

Зависности и екстремни спортови
Ако родителите често му кажуваат на детето колку многу проблеми им создава, тоа ќе одлучи дека е подобро да го нема и сите ќе се посреќни без него. Следствено на тоа, како возрасен човек, тоа ќе се обидува потсвесно да се уништи – преку алкохол, дрога, цигари или екстремни и опасни спортови.

Неспособност да се опуштат
“Биди сериозен!”, “Престани да се лигавиш!”, “Не се преправај како бебе!” – такви фрази користат луѓе кои никогаш не можат целосно да се опуштат, кои не ги разбираат децата и мразат незрели луѓе околу нив. Тие се секогаш здрвени и не можат да се забавуваат.

Ниска самодоверба и желба да бидеш некој друг
Родителите кои ги споредуваат децата со други “подобри” деца, ќе го претворат детето во самокритичен тинејџер и возрасен кој прави грешки. Таквите деца ќе се стремат да бидат најдобри, но внатре во себе секогаш ќе сметаат дека не се доволно добри.

Проблеми во приватноста, недостаток на доверба
Ако родителите го советуваат детето да не верува на никого, тоа ќе им поверува и ќе го прифати светот како непријателско место полно со стапици. Таквото дете нема да може да се довери и на пријатели кои ќе ја покажат својата лојалност. Тоа секогаш ќе живее во сомнеж.

Барање на партнер
Со родителското однесување “Уште си мала за тоа” – се создава жена која секогаш ќе се чувствува и ќе се однесува како мало девојче. Таквото дете најверојатно секогаш ќе остане “премало” и ќе бара партнер кој ќе се грижи за него како родител. Таквите деца се секогаш зависни од партнерот.

Потиснување на сопствените таленти, недостаток на иницијатива
Ако родителите често се користеле фрази како “Не се прави многу паметен!” или “Престани да леташ во облаците”, детето нема да изгради сопствено мислење, никогаш нема да пројавува иницијатива и нема да има никакви лидерски квалитети. Како возрасни таквите деца се обидуваат да ги удават своите амбиции и да го исполнат животот со алкохол и бесмислена забава.

Затвореност, потиснување на емоциите
Недостатокот на емоции и загриженост од страна на родителите секогаш влијае на детето, дури и да е само на потсвесно ниво. Кога на едно дете често му се вели да не се нервира, да престане да плаче, да не се жали, итн, тоа почнува да се затвора во себе. Овие потиснати емоции можат да доведат до психосоматски проблеми.

Депресија, чувство на вина
“Знаеш ли од колку многу работи сме се откажале, за да бидеш среќен / за да добиеш едукација!” По вакви реплики детето почнува да чувствува вина. До истиот ефект водат и преценетите очекувања на родителите кон оценките во училиште – ако тие очекуваат детето да е секогаш совршено и го казнуваат (или прекоруваат) за лошите оценки, детето ќе биде под постојан стрес.

Недостаток на самостојност
Има еден посебен тип родители, параноици кои не го остават детето да прави било што: “Не ја допирај мачката, ќе те изгреби! “,” Не седи на работ! “,” Не прави го тоа! “. Ако детето постојано слуша такви заповеди, ќе му биде страв да прави што и да е. Освен тоа ќе биде пасивена и неодговорна возрасна личност.