Австриската покраина Долна Австрија го потврди првиот случај на нов вид на коронарен вирус омикрон.
Станува збор за барател на азил од Јужна Африка, кој се наоѓа во сместувањето за бегалци во Швехат, во близина на Виена.
„Веќе неколку дена е во карантин. Се обидуваме да ги дознаеме сите негови контакти. Сите што биле во контакт со него ќе мора да бидат тестирани“, соопштија од Кризниот штаб на Долна Австрија.
Првиот случај на инфекција со сојот омикрон во Австрија беше потврден минатиот викенд во провинцијата Тирол, а сомнеж за појава на овој вид веќе се појави во неколку австриски провинции.