Може ли докторот, наспроти знаењето и желбата за работа да биде престар?

Doctor and patient meeting at consultation appointment to do healthcare checkup in cabinet. Medic talking to aged man about diagnosis and treatment after examination at medical visit

Судејќи според некои примери, годините се само бројка.

Соодветна грижа за пациентите, грижа за нивното здравје и на крајот спасување животи е задача на секој лекар. Повеќето здравствени работници на својата професија гледаат како на повик. Но, дали тој повик има рок на траење?

Пензионирање

Мислењата се поделени, а ако се суди според примерот во Бразил, годините се само бројка.Во Институтот за срце на Клиничката болница на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сао Паоло, еден од најголемите светски истражувачки центри за кардиоваскуларни и пулмонални заболувања, неколку специјалисти на возраст над 80 години водат студии и тимови. Еден од нив е MD Noedir Stolf, 82-годишен кардиоваскуларен хирург кој оперира речиси секој ден и ги координира студиите за трансплантација, механичка циркулаторна поддршка и хирургија на аортата. Тука е и Protásio Lemos da Luz MD, 82-годишен клинички кардиолог кој спроведува истражување на различни теми како што се атеросклероза, ендотел, микробиоти и дијабетес. Со нејзините 89 години и кариера која се протега повеќе од седум децении  MD Angelita Habr-Gama. е еден од најстарите лекари во досегашната пракса.

Clóvis Constantino, MD, поранешен претседател на Регионалниот медицински одбор на Сао Паоло (CRM-SP) и поранешен потпретседател на Бразилскиот сојузен медицински одбор (CFM) се противи на употребата на возраста како критериум за прекин на праксата. Во интервју за MedScape тој нагласува дека недостатокот на насоки за проценка ја зголемува одговорноста, но и ранливоста. Тој нагласува дека проблемот е што лекарите ретко зборуваат за нивните дефицити, особено ако се во центарот на вниманието поради нивната напредна возраст. Сепак, она што се очекува е дека во случај на здравствени проблеми, кај лицето ќе биде активирано етичко предупредување.

Каква е ситуацијата во Македонија ?

Извештајот од Регистарот на вработените во јавен сектор за 2021година, има податок дека: од вкупно 112.777 вработени во јавниот сектор, жени се 62.356 односно 55,29%, додека мажи се 50.421, односно 44,71%.Во однос на дејностите, жените се најзастапени во областа труд и социјала (82,11%), особено јавните установи за социјална и детска заштита. Исто така значително е процентуалното учество на жените и во уште два крупни сектори – здравство (72,48%) и образование 65,74%. Мажите од друга страна се најзастапени во дејноста животна средина (87,72%), а доминантно се застапени и во дејностите транспорт (86,22%) и комунални работи (83,97%).

Во здравствени институции вкупно жени 15.293 (72,48 %), мажи 5.807 (27,52% ). Просечната возраст на вработените во јавниот сектор во Република Северна Македонија изнесува 46.11 години. Просечната возраст по вид на дејност: најголема просечна возраст од 50.69 години има во дејноста земјоделие и шумарство, додека пак најмала просечна возраст од 39.84 година има во другите телекомуникациски дејности.

Во дејноста здравство просечна возраст е 46,46. Во однос на човечките ресурси во здравствениот сектор, има постојан недостаток на лекари и медицински сестри. Сепак, бројот на лекари се зголеми од 269 на 100.000 жители во 2010 на 312 во 2019 година, приближувајќи се до просекот на ЕУ од 382. Бројот на медицински сестри исто така се зголеми, од 340 на 100.000 жители во 2010 на 440 во 2019 година. Спротивно на тоа, бројот на акушерки се намали на 48 на 100.000 жители во 2019 година (Министерство за здравство, 2021 г.). Речиси 70% од вработените во здравството се вработени во јавниот сектор и речиси сите (97,71%) (СЗО, 2020 г.). Во споредба со земјите во ЕУ, соодносот на медицински сестри со населението е многу низок, речиси половина од просекот на ЕУ (838 медицински сестри на 100.000 жители во 2019 година).

Возраст и способност за работа

Факт е дека со возраста се случуваат одредени промени во човечкото тело. Колку и да се од витално значење во староста, треба да се посвети повеќе внимание на одредени параметри. Додека некои се залагаат за спроведување на одреден тип на проценка кај лекарите на постара возраст, други предупредуваат дека тоа е возрасна дискриминација. Задачата на секој лекар е да изврши самоевалуација за да знае дали ги поседува компетенциите и вештините потребни за вршење на својата професија.

Дебатата за професионалната долговечност се води во различни земји. Рецептот за успех, особено во медицината, е способноста да се прилагодат и имплементираат иновациите. Сепак, важно е да знаете како да ги ставите сопирачките и навреме да кажете: доста!

Извор :

Medscape : Too old to practice medicine ?:

https://www.medscape.com/viewarticle/981897#vp_2

Exit mobile version