„Фајзер“ денеска објави дека САД ќе платат 5,29 милијарди долари за 10 милиони кутии експериментални таблети против ковид 19.
Вашингтон претходно потпиша договор со компанијата „Мерк“ за купување на таблети за Ковид 19.
„Фајзер“ поднесе барање за одобрување за употреба на пилулата „паксловид“ во итна ситуација откако резултатите од прегледот покажаа дека е 89 отсто ефикасна за спречување хоспитализација или смрт на загрозени лица.
Компанијата најави дека оваа година ќе почне да ја испорачува пилулата, доколку биде одобрена од надлежните американски служби.