Ако како родители се занимавате со планирање оброци и ужинки за децата, на пр. за на училиште, признат стоматолог открива список намирници коишто им штетат на детските заби и здравјето.
Д-р Роналд Плотка од Бостон, САД, лекар со над 40-годишно искуство и извршен директор на стоматолошката програма на Мариен Корт Колеџот, нуди насоки за храната што е неподобна за забите на децата.
Слатки
Научното објаснување на Плотка е дека кога децата јадат слатки, побрзо се лачи кисесината во устата којашто може да предизвика штета кај забите, па тоа доведува до нивно расипување.
Суво овошје
Од нутриционистичко гледиште, тоа е донекаде и корисно, но д-р Плотка објаснува зошто сувото овошје, сепак, не е најдобро за Вашите деца.
– Иако тоа е подобро од слатките, сувото овошје може да се залепи за забите на децата, што води до кариес, вели тој.
Скроб
Шеќерот одамна се смета за главната причина за кариес. Сепак, Плотка смета дека покрај шеќерот, и скробот е поврзан со расипување на забите кај децата.
Чипс
Според докторот, чипсот од компири е меѓу намирниците со најголема количина скроб.
– Овој скроб многу брзо се разложува во шеќер, а тој предизвикува лачење киселината што ја уништува глеѓта на забите, вели тој.