Вештачки засладувачи – ризик од срцеви заболувања и мозочен удар?

Sugar free cakes and marmalades . Diet food. Top view on wooden table background. Healthy concept.

 

Вештачки засладувачи: ризик од срцеви заболувања и мозочен удар?

Во голема студија беше анализирано влијанието на исхраната врз хроничните болести.

Вештачки засладувачи – додаток во исхраната кој со години предизвикува контроверзии и несогласувања. Додека едни се залагаат за нивно консумирање, други предупредуваат на нивната штетност. Следниве вештачки засладувачи и адитиви за храна претставуваат закана за вашето здравје доколку се консумираат често : ацесулфам калиум,мононатриум глутамат, сукралоза, аспартам ,натриум бензоат. Факт е дека имаат калориска предност, но како овие хемиски соединенија влијаат врз здравјето на луѓето?

Голема, проспективна студија, The Nutrinet-Santé Study, во која учествуваа речиси половина милион волонтери од Франција во текот на 10 години, го анализираше влијанието на исхраната врз хроничните болести и појавата на тумори.

Околу 240.000 испитаници на возраст над 18 години беа следени најмалку пет години со пополнување на веб-прашалници неколку пати годишно, а беа собрани и податоци од националните бази на податоци, додека некои вклучуваа клинички преглед и биохемиски примерок.

Еден труд објавен во Британскиот медицински журнал (BMJ) сугерира дека вкупниот внес на вештачки засладувачи е поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести. Внесувањето на аспартам беше поврзано со зголемен ризик од цереброваскуларни настани, а ацесулфам калиумот и сукралозата беа поврзани со зголемен ризик од коронарна срцева болест.

Дебелина и вештачки засладувачи

Што се однесува до тоа како вештачките засладувачи може да доведат до негативни кардиоваскуларни и цереброваскуларни настани, авторката Шарлот Дебрас (Универзитет Сорбона Париз Норд, Франција) и колегите велат дека дел од тоа може да биде поврзано со телесната тежина, истакнувајќи дека некои кохортни студии објавиле врски помеѓу потрошувачката на вештачки засладени пијалоци и зголемен ризик од дебелина или зголемување на телесната тежина.

Од друга страна, постојат мислења дека причината за земање вештачки засладувачи е често мотивирана од желбата за слабеење, што сугерира дека овие луѓе веќе се изложени на ризик од дебелеење и зголемена телесна тежина.

Метаболичен синдром една од последиците?

Иако новата студија спроведена од Дебрас на повеќе од 100.000 испитаници покажа зголемен ризик од цереброваскуларни настани кај луѓето со голема дневна потрошувачка на вештачки засладувачи, механизмите не се целосно јасни. Пријавени се метаболен синдром, зголемена интолеранција на гликоза и зголемено воспаление.

Секако, не се предлага да се вратите на засладените пијалоци, идеално би било да користите обична вода, чај и слично. Природните засладувачи се минимално обработени и содржат хранливи состојки. Тука спаѓаат шеќер од кокос, јаворов сируп, меласа, медот,стевиа и други.

Треба да се напомене дека постојат бројни студии на производители на вештачки засладувачи кои не пронашле врска со кардиоваскуларни болести. Од горенаведеното, очигледно е дека има потреба од повеќе студии за да се дојде до јасен заклучок за ефектот на вештачките засладувачи врз здравјето на луѓето.

Драги читатели дајте им предност секогаш  на природните засладувачи и што е можно повеќе приготвувајте јадења во својот дом !

Извор:

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20459807/

https://www.bmj.com/content/378/bmj-2022-071204

 

Exit mobile version