Д-р Злате Мехмедовиќ за Сител вели дека е пожелно учениците да се префрлат на онлајн настава, бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат коронавирусот.
Мерките што се донесени од Комисијата за заразни болести не се во насока на ублажвање на ударот од силен бран, кој што побрзо се пренесува во затворен простор, а тенденцијата во зимските месеци е луѓето да се собираат во затворено, вели доктор Злате Мехмедовиќ.
-Можеби онлајн наставата е стресна, но досега требаше да се изнајде решение бидејќи веќе две години живееме со вирусот. Тоа што ги пуштивме учениците со физичко присуство дозволивме вирусот да мутира и да создава посериозни форми кои го напаѓаат имунитетот, вели тој.
Во интервју за Сител тој рече дека никој не ја знае точната критичка точка кога таквата експлозија на новозаразени случаи ќе ја имаме во нашата држава, но дека на удар најмногу се невакцинираните.
-Веројатно ние сме единствената држава во светот која има 37 отсто вакцинирани, а веројатно 100 отсто од граѓаните поседуваат такви сертификати, потенцира Мехмедовиќ за фалсификуваните сертификати што дел од населението ги користи за влез во моловите и кафулињата.