Германија го забележа првиот смртен случај од новиот сој омикрон, објави Институтот „Роберт Кох“, со седиште во Берлин.
Институтот објави дека лицето што починало било на возраст од 60 до 79 години, пренесуваат агенциите.
Во Германија во изминатите 24 часа се регистрирани 810 заболени од новиот омикрон-сој, со што вкупниот број на заболени од оваа варијанта се искачи на 3.198 лица.
Веста за смртта доаѓа откако германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, изјави дека околу Нова година очекува зголемување на бројот на заболени од омикрон.