Според податоци на Институт за јавно здравје на РСМ малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Р.С.Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2020 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 188,6%000 во 2020 година.
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години е повисока кај машката поулација.Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години.
Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2020 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 67,6 на 100000 мажи во 2020 година.
Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2020 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,2,8 во 2020 година на 100000 жени.
Европскиот кодекс против ракот се фокусира на мерки кои можат да му помогнат на поединецот да го спречи ракот.
За успешна превенција на ракот, важно е овие индивидуални мерки да бидат поддржани од владините политики и активности.
- јадете многу цели зрна, мешунки, зеленчук и овошје.ограничете ја потрошувачката на висококалорична храна (храна богата со шеќер или масти) и
- избегнувајте слатки пијалоци.избегнувајте преработени месни производи и ограничете ја потрошувачката на црвено месо и храна со висока содржина на сол.
- Доењето го намалува ризикот од рак. Ако можете, доете го вашето бебе.
- Хормонската заместителна терапија го зголемува ризикот од одредени видови на рак. Ограничете ја употребата на хормонска заместителна терапија.
- хепатитис Б (новороденчиња)
- хуман папиломавирус (ХПВ) (девојчиња).
- колоректален карцином (мажи и жени)
- рак на дојка (жени)
- рак на грлото на матката (жени).