Ант ковид лекот на „Фајзер“, „Паксловид“ денеска доби одобрение за итна употреба од израелските здравствени регулаторни власти.
Израел нарача стотици илјади дози од овој лек за борба против новиот сој омикрон.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет минатиот месец изјави дека постигнал договор со „Фајзер“, кој на Израел, заедно со лекот, ќе му даде и неколку милиони вакцини, штом американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри.
Лекот доби одобрение од FDA минатата недела и беше откриено дека ги намалува хоспитализирањата за 90 проценти доколку се користи во првите неколку дена од симптомите. Лекот се очекува да пристигне во Израел најрано во четврток.