Многу луѓе во Македонија ги мачи покачен крвен притисок или хипертензија, што е најчест здравствен проблем во современиот начин на живот. Сепак, многу луѓе не знаат што е покачен крвн притисок и што го предизвикува.
Што предизвикува покачен крвен притисок?
Крвниот притисок е постојана тема на научни истражувања, а се поврзува со различни избори на начин на живеење, од пушење канабис, претерано користење интернет, јадење компири…
Не е секогаш јасно што точно го предизвикува покачениот крвен притисок, но некои навики сосема сигурно го зголемуваат ризикот.
Прекумерната дебелина, претераното внесување сол во исхраната, недоволното јадење овошје и зеленчук, претераното конзумирање алкохолни и кофеински пијалаци, пушењето, нереовното спиење и недоволна количина на сон се само дел од причините за зголемување на крвниот притисок.
Ако правите сѐ или барем нешто од овие работи, не е доцна, бидејќи можете да ги смените лошите навики и така да ги намалите ризиците и да го контролирате крвниот притисок.
Едно истражување спроведено во 2012 година покажа дека секојдневното внесување на темна чоколада во исхраната може благо да го намалите високиот крвен притисок. Секако, тоа не значи дека треба да „навалите“ на темна чоколада, туку да ја имате на менито.
Низок крвен притисок
Јасно ни е дека не е добро да имате покачен крвен притисок, но не е добро и ако е многу низок.
Нискиот крвен притисок не мора да биде знак дека нештп не е во ред, но може да биде причина за паѓање во бесознание, чувство на слабост, вртоглавици, моментално замаглување на видот и слично.
Ако имате некој од овие симптоми кога нагло станувате или ја промените положбата на телото, можно е да имате низок крвен притисок.
Низок крвен притисок може да имате и ако сте фит и здрави, но причините може да бидат бременост, дијабетес и земање одредени лекови.
Во секој случај, ако забележите промени на крвниот притисок, не се обидувајте да го решите на своја рака. Може да имате исти симптоми како некој друг, но тоа не значи дека може да ви помогне истата терапија. Побарајте помош од лекар и држете се до препораките и препишаната доза на лекови.