МАРТ- Месец за подигање на свеста за рак на дебелото црево

Рак на дебело црево или колоректален карцином (КРК) е карцином на дебелото црево и/или ректумот. Тој е честа појава и кај жените и кај мажите. Американската асоцијација за гастроентерологија препорачала тестирање за откривање на скриено (окултно) крварење во фецесот за сите луѓе над 50 годишна возраст, еднаш годишно. Според оваа асоцијација, никој не е имун на ова заболување и во текот на животот ќе заболи секој 20-ти маж и секоја 20-та жена.

Симптоми

Раните фази на колоректалниот карцином обично се без симптоми. Во понапредна фаза кај луѓето можат да се јават следниве симптоми:


  • Крварење од дебелото црево или крвава столица
  • Промена во навиките на дебелото црево
  • Столици кои се потенки од вообичаеното
  • Општо проблеми во стомакот, како што се надуеност и грчеви
  • Пролив, запек или чувство дека движењето во дебелото црево не е сосема целосно
  • Слабеење без очигледна причина
  • Малаксалост

Што можете да направите?


  • Бесплатен скрининг на 50 години или на 45 години ако имате висок ризик од заболување со ФОБ-тест
  • Одржувајте здрава телесна тежина
  • Физичка активност
  • Хранете се здраво
  • Не употребувајте тутун
  • Ограничете го внесот на алкохол

Скрининг е метода за откривање на болест пред да се појават симптомите. Скринингот овозможува откривање на ракот во рана фаза пред да стане инвазивен, истиот се однесува на луѓето со просечен
ризик (како и општата популација). Скринингот има за цел да обезбеди преживување, да го намали морбидитетот и да го унапреди квалитетот на животот на оние кои развиле канцер. Неговата цел е намалување на ризикот, но тој не дијагностицира болест. Постојат неколку методи на скрининг и тоа се: годишни– двогодишни тестови за присуство на окултно крварење. Иако теоретски се достапни широк спектар на различни скрининг методи за колоректален карцином, истражувањата кои имале за цел да го идентификуваат најефективниот скрининг протокол за употреба во општата асимптоматска популација, покажале дека главно се предлага тест за детекција на окултното крварење или таканаречен (ФОБ-тест)

Тестови за детекција на рак на дебелото црево

Тестови, со кои се открива пред-канцерозна и канцерозна состојба –
Скрининг интервали:


  • Тест за детекција на скриено крварење (FOBT) – Секоја година
  • Имунохемиски тест на столицата (FIT) – Секоја година
  • ДНК тест на столица (sDNA) – Секоја година
  • Колоноскопија – Секои 10 години
  • Виртуелна колоноскопијa – Секои 5 години
  • Флексибилна сигмоидоскопија – Секои 5 години
  • Двоен контраст бариум клизма – Секои 5 години
  • Абнормален резултат на виртуелна колоноскопија или двоен контраст бариум клизма, или позитивна ФОБ – тест структура, имунохемиски тест и ДНК тест, треба да се следат со колоноскопија.

Ризик фактори 
Луѓето од следните категории имаат поголем ризик да развијат болест

  • Лица со лична и/или фамилијарна историја на полип или рак
  • Лица над 50 години
  • Лица со улцерозен колитис или Кронова болест
  • Лица со генетска предиспонираност на Фамилијарна аденоматозна полипоза
  • Однесувањето – одредени фактори го зголемуваат ризикот за рак на дебелото црево:
    – Пушењето
    – Прекумерната консумација на алкохол
    – Дебелината
    – Физичката неактивност
    – Исхрана богата со масти и/или црвено месо
    – Исхрана сиромашна со овошје и зеленчук
Exit mobile version