Можете и на природен начин да ги смирите нервите

Анис

Оваа билка со интензивен и карактеристичен мирис може да биде одлично средство за смирување. Анисот ги смирува живците и помага против нервоза, раздразливост, хистерија и несоница. Покрај тоа што ги смирува нервите, ја смирува и надуеноста, а може да се користи и при болни менструации.

Мајчина душица

Лековитите состојки на оваа билка се во листот и во цветот, а нејзините етерични масла ги релаксираат мускулите. Многу поволно делува на нервниот систем, релаксира, психичката напнатост и нервозата, а овозможува и добар сон. Лажичка мајчина душица прелијте со два децилитри врела вода, поклопите и оставите да отстои половина час. Кога чајот ќе се олади, исцедете го и напијте се. Ако ви смета горчината, засладете го со мед.

Камилица

Оваа лековите билка го опушта целото тело. Ги опушта и ги смирува ткивата и мускулите. Јаките дози на чај од камилица помагаат и во несоницата.

Лаванда

Билката со пријатен мирис уште од порано се користи против несоница и за лечење на нервите. Покрај тоа што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и вознемиреноста, чајот од лаванда дејствува благородно и во случај на проблеми со сонот. Чајот се подготвува многу едноставно, а дејствува бргу.

Маточина

Дејствува поизитивно на психата. За лековитите својства на оваа билка најзаслужни се есенцијалните масла кои ги опуштаат мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик. Може да се користи сам или во комбинација со други билки.

Чајот од маточина помага и во главоболка предизвикана од нервоза.

Кантарион

Кантарионот е најпознатиот природен лек против депресија. Кантарионот со векови се користи како лек против депресија, потиштеност, анксиозност, како и кај проблеми со нервите. Содржи етерични масла, а за разлика од синтетичките лекови не создава зависност, ниту пак има штетни нуспојави.

Валеријана

Со векови се употребува за ублажување на нервни тегоби. Како средство за смирување се користи сама или во комбинација со други билки, како чај. И оваа хербална мешавина е многу ефикасна.

Витамин тиамин

Тиамин е витамин (Б1) кој е неопходен за нервите да имаат доволно енергија која им е потребна за пренесување на електрични импулси. Недостатокот на тиамин предизвикува нервоза и раздразливост, слабее апетитот, а може да се појават и проблеми со сонот. Тиаминот го има во свинското место, производите од интегрално брашно, грашок и грав.

Exit mobile version