Невакцинираните возрасни луѓе во Франција веќе нема да можат бесплатно да се тестираат за Ковид-19, освен ако тоа не го препорача нивниот лекар.
Тестовите остануваат бесплатни за вакцинирани возрасни и сите деца под 18-годишна возраст.
Невакцинираните ќе треба да ги платат тестовите по цена од 22 до 45 евра.
Француската влада ја направи оваа промена како додаток на одлуката за потврдите за ковид, кои се задолжителни во Франција од летоска, пренесува АП.
Со цел да добијат дозвола за ковид, граѓаните мора да покажат сертификат за вакцинација, негативен тест или доказ за неодамнешна инфекција.
Потребни се сертификати за Ковид за посета на туристички атракции, болници и домашен железнички и воздушен сообраќај.