Доктор Ненад Лазаров, специјалист од Скопје реагира на тоа што нема доволно тестови за детектирање на коронвирусот. Тој смета дека медицинарите не треба да молчат за овој проблем и гласно да зборуваат. Ова не е првпат тој да излезе јавно и да ги изнесе проблемите.
„Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: “да изгори епидемијата”. Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест??? Молкот на фелата е недозволив“, вели Лазаров.
Тој сподели и искуство за крвни анализи.
„Вчера 6ти Октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анлизи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22ри Октомври!“, напиша Лазаров.