Во Париз повторно е во сила одлуката за задолжително носење заштитни маски на јавните собири на отворено поради скокот на стапката на зараза со корона вирусот во француската престолнина, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението се додава дека маските ќе мора да се носат на собири на јавни места, на фестивали и манифестации, на пазар и кога граѓаните стојат во ред, пренесува Ројтерс.
Франција со денови бележи околу 33.000 нови случаи на корона вирус, а властите се обидуваат да го потиснат ширењето на петтиот бран на епидемијата.