Обединетото Кралство ќе ги додаде Синофарм, Синовак и Индиски Коваксин на списокот одобрени вакцини кои можат да се користат за влез во таа земја, објавено е на веб-страницата на британската влада.
Светската здравствена организација ги одобри овие вакцини за итна употреба, па Британија на 22 ноември ќе одобри влез на луѓе кои биле имунизирани со овие вакцини, пренесува Ројтерс.
Агенцијата вели дека такви вакцинирани лица од земји како Обединетите Арапски Емирати, Малезија и Индија, каде што голем број луѓе се вакцинирани со некои од овие вакцини, ќе можат да влезат во Велика Британија.
Странските патници ќе се третираат како целосно имунизирани и нема да мора да минуваат низ карантин.
Во Обединетото Кралство се користат вакцините Фајзер, Џонсон и Џонсон, Модерна и АстраЗенека.