Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, смета докторот Ненад Лазаров.
„Но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест пред излегување од изолација, во спротивно ќе имаме големи проблеми и таквата одлука ќе биде дел од низата погрешни. Тоа очигледно нема да го направат со оглед на фактот дека цела пандемија народот сам си ги плаќа тестовите, така да хаосот ќе си продолжи и понатаму. Размислете зошто до сега не е дозволено матичен лекар да може да евидентира позитивен случај врз база на брз антигенски тест направен во ординација, кој има корист од ваква ситуација“, вели Лазаров.