Пад на вакцинацијата: Од 12 илјади дози на ден, сега во Македонија се даваат по 3.845 дози

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Exit mobile version