Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска не сакаше да одговори дали пандемијата на корона вирусот ќе заврши следната година.
Запрашан дали Кремљ очекува пандемијата на Ковид-19 да заврши во 2022 година, тој рече дека е невозможно да се предвиди и укажа на моменталното ширење на варијантата Омикрон во Европа, САД и Русија.
Светската здравствена организација на 26 ноември го означи јужноафриканскиот сој Б.1.1.529 со грчката буква омикрон бидејќи оваа варијанта има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки.
Омикрон сега е откриен во повеќе од 100 земји, а Русија има регистрирано повеќе од 40 случаи, додека неколку пациенти заразени со новиот вид веќе се подобри и ги напуштиле болниците, според руските здравствени власти, пренесе ТАСС.