Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), наведувајќи дека пациентот е црногорски државјанин и е во добра општа состојба.
„Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на ИЈЗ го откри, а во соработка со Институтот за вирусологија, вакцините и серумите „Торлак“ и го потврди првиот случај на заболени од мајмунски сипаници“, се вели во соопштението.
Црна Гора се приклучи на листата од 79 земји каде е регистрирана оваа болест.
Спроведени се сите неопходни мерки за пациентот и неговите контакти, со цел спречување и сузбивање на ширењето на заразната болест.
Сите надлежни институции се известени согласно националните и меѓународните протоколи“, се вели во соопштението.
Мајмунските сипаници обично започнуваат со треска, болки во мускулите, замор и главоболка, болки во грлото и кашлица може да се појават. Исто така, може да има зголемување на лимфните јазли (лимфаденопатија).
Во период од еден до три дена (понекогаш и подолго) по појавата на треска, кај пациентот се јавува сипаница, која често започнува на лицето (во 95 проценти од случаите).
„Потоа се шири на екстремитетите (дланките и стапалата во 70 проценти од случаите) и другите делови од телото (усната слузница, гениталиите, конјунктивата, рожницата)“, се вели во соопштението.
Осипот поминува низ фази на макула, папула, везикула, пустула и кора кои на крајот паѓаат. Болеста обично трае од две до четири недели.
Од ИЈЗ апелираат граѓаните да се придржуваат до превентивните хигиенско-епидемиолошки мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи.