Нема зголемување на бројот на заразени со мобили, но случувањата во регионот укажуваат дека состојбата може да се влоши. Ризикот за појава и на ваква епидемија е сериозна, со оглед на ниското ниво на вакцинација. Професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација кажа дека ваква здравствена криза може да се превенира.
„Сериозен апел и за морбилите. Секаде во регионот има мини епидемии. Еднаш имавме таква ситуација. Мора делот на превентивата да го запазиме, за да има здрави деца и здрави поколенија, здрави деца. Вакви состојби на здравтвени кризи не ни се потребни. Посебно, да не прејудицираме, ако две епидемии ни се случат истовремено. Со ваков опфат на вакцинација, ризикот е сериозен, а секоја мерка понатаму ќе биде поригорозна“, алармираше професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација.
Таа упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца навремено, според календарот за имунизација.