За високата смртност од коронавирус, ќе се прави анализа во Македонија. Минситерот за здравство, Венко Филипче кажа дека изработката на анализата ќе земе време. Посочи и дека има протокол за лекување, а тоа се прави според клиничката слика. Најтешките случаи, се во Скопје.
„Една подетална, која што ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите. 73 пациенти кои починале имале најмалку 2 хронични болести. Ова бара детална анализа. Здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи. Тоа е една важна анализа. Во делот на типот на лекување, потешките случаи се упатуваат на лекување во Скопје. Се сместуваат во болницата ‘8 септември’, на Инфективната. Се знае како се пристапува. Нема кој еднаква клиничка слика. Од тоа зависи терапијата и дозирањето на лековите“ рече Филипче.
Смртноста од Ковид-19 во Македонија е висока, и ако се мери на 100.000 жители и доколку се пресметува процент од заразени и починати. Зошто е ова вака, чувме само образложенија за хронични болести, дијабет, обезност, срцеви заболувања, нешто што не е баш доволно издржано. Смртноста во 2020 година во Македонија е рекордна – 5 илјади луѓе повеќе починале лани (25.755), во споредба со 2019 (20.461). 40 отсто од нив починале од срцеви заболувања, потоа следуваат неоплазмите, а 10 отсто починале од Ковид-19. Ова значи дека дневно умирале по 70 луѓе, од кои најмалку 7 од Ковид-19.