Светската здравствена организација (СЗО) издаде привремени препораки за употреба на вакцини против Ковид-19 од различни производители за втората доза и за засилувачот.
Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние развиени од „Фајзер“ и „Модерна“, може да се користат како дополнителни дози по почетната доза на векторската вакцина „Астразенека“ и обратно, соопшти глобалниот здравствен орган.
„Астразенека“ и која било од mRNA вакцините може да се користат и по почетната доза на инактивирана вакцина „Синофарм“, соопшти СЗО.
Насоките беа усвоени врз основа на советите на Стратешката советодавна група на СЗО за експерти за вакцини претходно овој месец.
Препораката доаѓа откако една голема студија минатата недела покажа дека првата доза на „Астразенека“ или „Фајзер/Бионтек“ и втората доза на „Модерна“ девет недели подоцна создаваат подобар имунолошки одговор.
Сепак, СЗО рече дека мешањето треба да ги земе предвид достапноста и придобивките и ризиците од користењето на вакцината против Ковид-19.
Препораките ќе бидат разгледани кога ќе станат достапни повеќе податоци, соопшти глобалната здравствена агенција.
Многу земји веќе почнаа да мешаат вакцини бидејќи се соочија со зголемен број случаи на Ковид-19, ниски залихи и бавна имунизација.