Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека нашите кои се затечени во моментов во странска земја која е од висок ризик треба да ги почитуваат правилата и препораките на земјата во која се наоѓаат.
Имено на социјалните мрежи објавен е статус преку кој наши државјани бараат помош за да се вратат дома.
Во стаус објавен пред два часа пишува:
Ние сме на аеродром и бараме алтернатива за да се вратиме назад. Вкупно до сега сме околу 15 души што се најдовме… Ѕвониме во амбасадата во Рим никој не одговара, моментално ѕвониме и во МНР. Кружат гласини дека ќе го затворат аеродормот во Малта од понеделник (НЕОФИЦИЈАЛНО)! Ни треба помош!!!
фото: ФБ