18 нови случаи на заболени од коронавирус во земјава, вкупната бројка се искачи на 219 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: – Скопје (134) – Дебар (43) – Куманово (17) – Штип (8) – Прилеп (6) – Охрид (3) – Велес (3) – Кавадарци (2) – Тетово (2) – Гостивар (1).

фото: Архива

 

Exit mobile version