Во последните 24 часа направени се 2 595 тестирање, а регистрирани се 227 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.
Регистрирани се 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 75 г, 70 г, 76 г, 64 г и 64 г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковив-19 од „Мој термин“, пријавено е уште едно лице со вчерашен датум на смрт – 23 октомври 2021. Станува збор за пациент на возраст од 82 години од Охрид кој починал во домашни услови.
Активни се 6 393 случаи од кои 3 267 се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 766, бројот на оздравени пациенти е 186 322, на починати е 7 051, а бројот на активни случаи изнесува 6 393.