Родилка од Куманово почина денеска од ковид 19 и таа е најмладиот починат пациент во денешната статистика на Министерството за здравство.
Родилката имала 29 години и починала на Инфективната клиника во Скопје со компликации поврзани со ковид. Претходно била породена во седмиот месец на бременоста, а бебето е во инкубатор, потврдуваат од МИнистерството за здравство.
Родилката немала коморбидитети и не била вакцинирана против ковид-19.