Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирање, а регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19 од кои седум во Тетово и шест во Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Регистриран e еден оздравен пациент од Прилеп и нема починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.
фото: Архива