Докторот Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија е позитивен на тестот за коронавирус, и се наоѓа во домашна изолација.
Тој за „Слободен печат“ истакнал дека се тестирал со ПЦР метода во Институтот за јавно здравје, поради контакт со позитивни пациенти кои ги прегледувал изминатите денови.
„Да не направев тест немаше да знам воопшто бидејќи немам никакви симптоми. Веќе доставив список на моите контакти но сите биле со заштита и претежно на работното место каде постојано носиме заштита“, вели Барбов.