Доктор Лазаров смета дека децата не треба да одат на училиште од септември, има образложение

Ситуацијата со коронавирусот не е под контрола, а бројките покажуваат дека од ден во ден се зголемува бројот на инфицирани. Но сепак, Министерството за образование реши учебната година да започне со физичко присуство на учениците. За докторот специјалист Ненад Лазаров, ваквата одлука е погрешна.

„Согласно моменталните услови, да започне училишна година со физичко присуство немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем. Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката,недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да течат на децата,не пак друго нешто“, напиша докторот Ненад Лазаров.

Exit mobile version