Во Психијатриската болница во Демир Хисар, доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
„Станува збор за психијатар кој е асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза. Тестот е позитивен, а со оглед дека бил во контакт со колегите во болницата, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и е дадена препорака за самоизолација на психијатрите, истакна на денешта прес конференција минситерот Венко Филипче.
Министерот изјави дека заедно со психијатрите од Скопје ја реорганизирале работата на болницата и до завршување на самоизолацијата на вработените ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
фото: Архива