Филипче коментираше студија која покажува дека прележаните имаат подобар имунитет од вакцинираните

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека вакциналниот имунитет е подолготраен отколку имунитетот кој е производ на прележан коронавирус. Прашан зошто ако прележаните имаат антитела се тераат на вакцинација, тој даде објаснување.

„Нема дилема дека антителата се создаваат после прележана болест и штитат одредено време. Препораката на СЗО е дека имунитетот од вакцината е подолготраен и поефикасен. Тоа што сакаме да постигнеме со мерката граѓаните што побрзо да се вакцинираат, е што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Со тоа постигнуваме две работи, подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Не секој пациент реагира еднакво, некој има антитела, некој не. Може по овој бран да има и нов, кога одредена група на граѓани кои сеа се болни, тогаш да бидат во фаза антителата да им паѓаат и пак се ризична категорија на граѓани“, рече Филипче.

Прашан за студија која констатира дека прележаните имаат подобар имунитет од тие кои се вакцинирани, тој рече: „Има многу студии од кои можат да се прочитаат многу податоци. Но не можат да се анализираат така, бидејќи има начин накој се прават, изведуваат, зависи од методите од кои се изведува испитувањето, периодот кога се анализира имунитетот.. Од анализа на повеќе студии се носат и нашите препораки“.

Exit mobile version