Mинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека по вчерашното воведување на полицискиот час, дополнително ќе се заоструваат мерките.
„Утре ќе биде дискутирано да се воведат и дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме дека и дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето преку ден, нормално со дозвола да се движат во раните утрински часови за да се задоволат потребите како одење до аптека и продавница, но не и преку останатиот дел на денот. Деталите ќе ги соопштиме во текот на утрешниот ден“, истакна министерот Филипче.
Филипче најави дополнителни мерки и за малолетниците кои не се ризична група, но се проценуваат како лица кои може да го пренесуваат вирусот. Сепак, деталите и официјалната мерка ќе биде позната утре.
фото: Архива