(ФОТО) Влошена состојбата на првата пациентка од Дебар, таа е приклучена на апарат за вештачко дишење

Состојбата на првата пациентка од Дебар кај која што беше дијагноситициран коронавирус во исто време со нејзиниот сопруг, ѝ се влошува и од утрово е приклучена на машина за механичка вентилација со соодветната терапија, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека на клиниката во моментов има 9 лица, а првата пациентка заразена со коронавирус ќе биде испуштена во понеделник. Денеска ќе бидат донесени уште 4-те новозаразени од Дебар, меѓу кои и едно 15-годишно момче.

Тестовите на шестмината од Дебар и странецот сè уште не се готови, а непосредно пред пресот, уште двајца наши државјани кои дошле од Шпанија се тестираат за коронавирус.

Резултатите ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.

На Инфективната клиника хоспитализирани се девет лица, заедно со првата пациентка која во понеделник ќе биде пуштена. Денеска на клиниката ќе бидат сместени и четворицата нови заразени кај кои вчера беше потврден вирусот. Од вкупниот број заразени, една пациентка е од Скопје, а останатите се од Дебар.

фото:Архива

Exit mobile version