ИЈЗ: Намалување од 42.9% на смртни случаи во однос на претходната недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 31 август до 6 септември 2020г, тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 2,1% помалку во однос на минатата недела.
Регистрирани сe вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=221; 28,0%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.
Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1% што претставува зголемување од 1.4% во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0%) и 172 (21,8%) позитивни, соодветно. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (n=134; 17,0%), 50-59 (n=129; 16,3%) и 20-29 (n=118; 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=22;2,8%) и 10-19 години (n=40; 5,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=756; 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани (зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела), а кај 219 (29%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија 31/08 – 06/09/ 2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Exit mobile version