Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека сега ги добил резултатите. Вчера, Димитриевски беше на прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Омсани. Потоа, сите заедно присуствуваа на состанокот на кризиниот штаб.
„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца“, посочува Димитриевски.
Тој повкува граѓаните да ги почитуваат мерките.
„Ве молам, од душа и срце ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите. Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица. Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа“, пишува Димитриевски.