Авион од Брисел е слетан на аеродромот во Скопје,информираше миинистерот Венко Филипче, а во него, имало патници со симтоми на коронавирус. Тие веднаш ќе бидат однесени на Инфективната клиника на тестирање, а додека не стигнат резултатите, останатите патници ќе седат на аеродром.
„Веќе дел се дојдени, околу десетина и се упатени кон ова место. Ќе пристигнуваат и во следните часови. Слетан е авион од Брисел за кој имаме информации дека има повеќе луѓе со симтоми, наши државјани, во овој момент се прави скрининг на сите патници, тие кои што имаат симтоми ќе бидат однесени на Инфективната клиника да се тестираат, и додека резултатите не стигнат, сите други патници ќе чекаат на аеодромот. Потоа, во текот на вечерва, ќе одлучиме што ќе правиме. Дали за дел, согласно мерката на седење ќе биде дадена мерката да бидат во домашна самоизолација или ќе бидат ставени во овие објекти во кои ние ја организираме изолацијата“, вели Филипче.
Министерот засега не знае колку патници имало во авионот.