Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро се справила со коронавирусот и не дозволила тој да излезе од контрола.
„Ова не значи крај на кризата, ова значи поголема внимателност, носење маски, неверување во лажни вести. Оваа закана беше невидена претходно и никој не можеше да се подготви за вакви рестриктивни мерки. Не беше лесно ни за граѓаните ни за државата, но и покрај сето тоа успеавме од моментот на влезот на вирусот да преземеме мерки и во ниту еден момент вирусот да не излезе од контрола“, рече Османи.
Тој рече дека денешните одлуки не се ад-хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата.
фото: Архива