Над 500 научници од целиот свет, предводени од своите италијански колеги го потпишуваат „Отвореното писмо“ упатено до меѓународната научна заедница, во кое апелираат властите од другите земји да не ја повторат нивната грешка и да дејствуваат ВЕДНАШ за активно запирање на коронавирусот.
Писмото е објавено во италијанскиот весник „Left.it“, каде што може и детално да се видат имињата на потпишаните научници кои ги има од повеќе земји и кои се едногласни дека треба да се следи примерот на Јужна Кореја и Кина во сузбивање на COVID-19.
Писмото го објавуваме во интегрална форма.
Од нашите податоци, околу 10 % од пациентите имаат потреба од интензивна нега (ICU) или помошна интензивна нега, а околу 5% од пациентите умираат. Се наоѓаме во трагична ситуација – најефикасниот здравствен систем на најбогатата област во земјата (Ломбардија) е речиси исполнет и наскоро ќе биде тешко да им се помогне на повеќе луѓе со Ковид-19. Ова е причината поради која е наредена речиси целосна блокада на земјата: да се забави, и да се надеваме, да се запре ширењето на заразата што е можно поскоро. Вирусот се шири со максимална брзина, удвојувајќи го бројот на заразени лица за само 2,4 дена. Како што се гледа од достапните податоци, сите европски земји, всушност, ја доживуваат истата стапка на брзина на ширење на зараза и се само неколку дена од она каде што е Италија сега.
Времето е наш заеднички непријател бидејќи вирусот е многу брз и навистина смртоносен. Секоја минута е исклучително важна, бидејќи значи заштеда на животи Почетокот на епидемијата имаше речиси идентичен број на инфекции во Кина, Италија и во други земји. Разликата е во тоа што Кина решително и брзо го затвори Вухан и целиот регион Хубеи 8 дена пред Италија. Само 8 дена задоцнување на затворањето на Италија ќе резултира со огромно зголемување на бројот на вкупните смртни случаи во Италија во однос на Кина. Оваа иста почетна динамика во бројот на нови случаи може да се забележи и кај избувнувањето на епидемијата во секоја земја. Тешко е за оние кои не се специјалисти интуитивно да го сфатат начинот на кој експоненцијалното зголемување може да влијае и да ги извади работите надвор од контрола.
Значи, навистина е тешко да се сфатат трагичните последици кои растот на стапката на експоненција може да ги има. Како научник, сигурно го разбирате ова. Вие исто така разбирате дека се додека стапката на пораст е експоненцијална, нема да има линеарно решение кое ќе функционира (на пример, зголемување на Х пати на бројот на ICU-машини итн.) Слично на тоа, самото наметнување на ограничување на луѓето да се собираат во големи групи не е доволно решение. Ова е апел до вас, како член на научната заедница, да ја повикате вашата влада да дејствува сега за активно запирање на вирусот! Во повеќето ЕУ земји имате доволно време да направите блокада слична на Кина или Јужна Кореја за брзо да го забавите и сопрете ширењето на заразата со многу помалку напор и помала цена од онаа која е сега потребна во Италија. Ако Италија дејствуваше построго пред само 10 дена, а тоа е повеќе или помалку таму каде што се наоѓате вие сега, ќе имаше многу помалку смртни случаи и економски пад. Јужна Кореја и Кина треба да се земат како пример што треба да се следи за да се запре оваа епидемија. Не постои друг начин.
Затоа, ве молам, дајте се од себе за да ја поттикнете вашата влада да дејствува сега!
Времето е наш заеднички непријател бидејќи вирусот е многу брз и навистина смртоносен. Секоја минута е исклучително важна, бидејќи значи заштеда на животи. Не трошете ја залудно!
Чувајте се“, се вели во отвореното писмо од италијанските научници.
фото: Архива