„Ова не е бран на корона…“, доктор од Скопје со загрижувачка порака

Вирусот забрзано се шири низ земјава, по долго време, вчера беа регистрирани дури осум починати, 588 новозаразени.

„Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите“, пишува на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров.

Тој во своја предходна објава на Фејсбук напиша дека тинејџерите и деца се почесто имаат проблем со пневмонии.

Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.

Exit mobile version