Министерот Венко Филипче кажа дека жена во Куманово починала од коронавирусот. Неа и биле направени две тестирање кои биле негативни, а по смрттта и е земен уште еден брис кој покажал дека е позтивина на коронавирусот.
„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот. Станува збор за жена од Куманово, кај која коронавирусот е дијагностициран доцна синоќа. Имала 57 години. Во однос на приемот и третманот е постапено согласно сите протоколи на изолација, навремено се земени 2 теста и двата покажале негативен резултат. Но, и покрај тоа што имала негативен резултат, болеста била типична на коронавирусот, па таа била во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во кумановската болница, а брис е повторно земен по констатацијата на смртта, вчеравечер. Тој бил позитивен. Брисот е земен поради наглото влошување на состојбата, бидејќи тоа е нетипочно за друга болест. Колегите се посомневале и земале уште еден трет брис“, рече Филипче.
Тој кажа дека хоспитализиран е и нејзиниот син кој вчера имал влошување на здравствената состојба.
„Хоспитализиран е и нејзиниот син, кој има 33 години. Вчера имал влошување на состојбата, префрлен е на Клиниката за пулмологија во изолираниот дел, па во Клиниката за инфективни болести во стабилна здравствена состојба“, рече Филипче.
фото: Архива
фото: Архива