Викаат целта ги оправдува средствата. Ок, битно ќе се вакцинираат, ќе се зголеми бројката. Овојпат заради кафаните или како ова недоразбрано објаснување. Ама мора да поработиме на зголемување на свеста од здравствен аспект за да не мора да има вакви причинско-последични резултати, пишува најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски на својот Фејсбук профи.
-За да не мора следниот пат да бидат претстави, ракомет и слични моменти.Мора навремено објаснување, ако треба и дообјаснување за да се стекне довербата помасовно, ако треба нека биде и досадно, секојдневно и убаво детално објаснето, ама ако сакаме ефектот да биде поголем мора државата потемелно да работи на „Вакцина. Зошто и што е добивката“. Мора да се пристапи до секого и да се потиснат оние кои се против ова, против она, против се, кои се општа контра. Стручноста и науката НАД И ПРЕД коекаквоси.Кога ќе се постигне тој ефект, кога ќе има поголемо разбирање и прифаќање тогаш и многу побрзо и полесно ќе излегуваме од вакви ситуации, кои колку и да не сакам сепак мислам дека нема да е последна. А посакувам да е или барем наредна да не се јави до почетокот на 31ви век. Мора да се посвети многу поголемо внимание на зголемување на свеста затоа што треба да седнеме на кафе како што седевме и како што треба. Не одвоени, не еден во Ани а другиот во Бони, пишува Јанкуловски.