Се затвора Охридскиот аеродром и сите копнени гранични премини, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце

„Се затовраат сите копнени гранични премини, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце кои ќе бидат отворени за премин на патници. Да прекине со работа аеродромот св. Апостол Павле во Охрид, односно да се затвори граничниот премин. Да се забрани влез на странските државјани и на лицата кои патуваат од земјите со среден ризик, што е дополнително на забраната за влез на странци од земјите со висок ризик согласно листата на СЗО. Ова не важи за лица за кои МВР ќе даде дозвола, кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски услови, согласно протоколите“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

фото: Архива

Exit mobile version