Состојбата на жената која почина во Куманово од коронавирус низ деновите

Последна прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче:

Прегледот прв е на 16 март, дошла со температура и без други симтоми. Според кажувањата, веднаш била направена епидемиолошка анкета и таа одговорила дека немала контакт со заразени и дека не патувала во странство.

Следниот ден дошла со синот, кога имала температура и немаат кашлица. Имало епидемиолошка анкета и таа била иста како претходниот ден, според кажувањата од болницата.

Следните два дена примале терапија. На 17 и 18 март немале кашлица.

На 19 март имале потежок наод, со ренген снимка е констатирана плеувмонија и сместени се во одделот за изолација. Тогаш и кај мајката и кај синот се земаат брисеви, материјал за корона тест.

На 19 и 20 март направени се во два наврати анализи на материјалот. На 19 на двајцата и тие се негативни.

На 20 се повторува тестот на мајката, според препораките на СЗО и тој е негативен.

На 21 состојбата се влошува. Направени се обиди за реанимации, но неуспешно.

Посмртно е земен уште еден материјал кој е испитан и тестот е позитивен на коронавирус.

Преиспитани се материјалите земени ицијално и потврдено е дека тие се негативни.

Консултиравме литератури и експрти, тестот не е 100 проценти сензитивен и тоа е докажано.

Сега се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени работници и од кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоите и начинот на пристапување за соодветни тестирања.

Exit mobile version