Во Кичево состојбата со Ковид-19 секојдневно се влошува. Бројот на новозаболени е се поголем, се појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица и за прв пат од Ковид-19 е инфицирано и десетмесечно бебе, а во ковид центарот бројот на хоспитализирани секојдневно е во пораст, пренесуваат повеќе медиуми во Македонија.
-Меѓу новозаболените во Кичево се поголем е бројот на лица под 40 – годишна возраст а бројот на новозаболени е така висок од причина што се појавија повеќе кластери, од кои најновиот го сочинуваат 30 млади лица кои биле изминативе 10 дена на одмор во Охрид. За прв пат во нашата општина имаме инфицирано и бебе од 10 месеци што е во блиски роднински врски на еден од кластерите, нагласи докторот и потенцира дека интересот за тестирање е исклучително висок и само во текот на денешниот ден се тестирани повеќе од 50 лица, вели д-р Неџат Балажи од Општата болница во Кичево.