Спасовски потврди за полицискиот час: Се забранува движење од 21 до 6 часот

“Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час)“, пишува премиерот Оливер Спасовски.

„Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, додава Спасовски.

Exit mobile version